Пендаровски демантира дека некогаш му врачил благодарница на заканувачот на Мицкоски

by Fokus

Во врска со наводите за издадена благодарница од страна на претседателот Стево Пендаровски на лицето Роберт Тодороски, претседател на РХО Здружени срца – Прилеп, ве информираме дека таков документ не е врачен од страна на претседателот Пендаровски, или издаден од Кабинетот на претседателот, информираа од неговиот кабинет.

Претходно, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека претседателот на државата му врачил благодарница, како што велат на нивниот заканувач, кој јавно пишува дека ќе ги фрли во ендек децата на Мицкоски.

Поврзани новости