Времето денеска ќе биде облачно со повремен дожд

by Fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на некои места ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој може да достигне брзина и над 60 километри на час. Утринската температура ќе биде од 7 до 13 степени, а дневната од 14 до 21 Целзиусов степен.

И во Скопје денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од минимални 12 до максимални 19 степени.

За утре синоптичарите најавуваат дека ќе има сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата утре ќе се искачи до 28 степени.

Поврзани новости