Вредноста на мерцедесот од 600.000 евра сега е скоро тројно помала

by fokus

Луксузниот „мерцедес“ кој го нарача Никола Груевски и официјално сега вреди 234.000 евра, објави ексклузивно ТВ 24 Вести, додавајќи дека вештачењето е завршено.

Според формулите на проценителот, утврдено е дека неговата вредност сега е 60% помалку од онаа во 2012, кога бил купен. Со возилот досега биле поминати 80.500 километри. Неговата регистрација има важност до јули 2019 година. Гумите, кои се отпорни на куршуми мора да се заменат, а еден пар чини 20.000 евра.

„Мерцедесот“ беше од страна на Владата на Никола Груевски беше купен по цена од 600.000 евра.

Поврзани новости