Шчербак: Русија никогаш не се мешала во внатрешната политика на Македонија

by fokus

Дијалогот меѓу Македонија и Русија го карактеризираат одржливото партнерство и повеќевековно пријателство меѓу нашите два народи, изјави рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак кој денеска престојува во Битола по повод обележувањето на руската дипломатија во Светот.

-Во 24-годишните дипломатски односи меѓу двете земји не е забележана ниту една вмешаност од страна на руската Амбасада во Македонија, ниту на руската надворешна политика во внатрешните работи на Скопје, рече Шчербак.

Тој додаде дека сака да потсети оти Русија се залага за сеопфатен развој на соработката со Република Македонија во сите сфери: политиката, економијата, културата, хуманитарната сфера.

Поврзани новости