ВРЕДИ: Груби си го бара пасошот за 335.000 евра, народот си ги бара децата

by irena 11:16
11:16

Казиноманот Артан Груби си го бара пасошот назад. Неговата одбрана понудила недвижен имот вреден преку 335 илјади евра како гаранција. Сега јавноста со право бара објаснување чиј е имотот и како е стекнат, наведуваат од ВРЕДИ во соопштение.

Велат „Граѓаните знаат колку години се работи за еден покрив над глава. Затоа оваа сума боде очи. Народот врзува крај со крај, а само за пасошот на Груби се ставаат над 335 илјади евра на маса. Ако имотот е негов, толку ли има заштедено од функционерска плата?“.

„А што правеше Артан Груби додека народот ги пакуваше куферите? Тој и неговата партија го сееја коцкањето по секое маало. Црната кутија на ДУИ сега си го бара пасошот, ама има уште многу да објаснува. Заврши и на американската црна листа поради корупција и за брутално мешање во правосудството. Нереформираната ДУИ со децении им зборуваше на Албанците дека без неа нема иднина. По толку години власт, премногу семејства иднината ја бараа на автобуска станица, со билет во еден правец. Децата заминуваа. Врхушката без гајле си бараше гласови и продолжуваше по старо. Албанците доволно платија за политиката на ДУИ, со изгубени години и разделени семејства. Додека народот се разделуваше од децата, врхушката не се разделуваше од фотелјите. Денес Груби си го бара пасошот. Народот си ги бара децата дома“ е ставот на ВРЕДИ.

Слични вести