„За само четири години како министер, Бујар Османи трчаше 11 пати на средби во Белград, а ниту еднаш во Приштина. Се сретна повеќепати со српските власти отколку со косовските“, велат од Коалицијата ВРЕДИ.
„Во Скопје го пречека и рускиот министер Сергеј Лавров, а беше и редовна „кореографијата“ на прошетките и вечерите со Александар Вучиќ. На Албанците им понуди само селфи-дипломатија, заглавени европски интеграции и маркетинг за себе. Бујар Османи е посреќен со српски дипломати околу себе, отколку со свои сограѓани од Чаир. На никого му нема помогнато, на никого од Чаир му се нема најдено, на никого му нема одговорено на телефон. Во Чаир, Бујар нема помогнато за ниту едно ново училиште, го немало кога се граделе улици и пробивале булевари, го немало кога се правеле градинки и игралишта“ соопштуваат од ВРЕДИ.
Велат „Бујар Османи го интересира својата кариера, добрите релации со Белград и шансата да остане во политика. Во еден мандат да се сретнеш повеќепати со Белград од со Приштина зборува за тоа дека Бујар Османи заборавил од каде доаѓа и кои се негови луѓе“.
„Чаир не е аеродромска чекална за ничија кариера. Чаир е дом што заслужува градоначалник кој носи инвестиции, чисти улици и сигурни училишта, а не човек чиј единствен резултат е дебела фото-архива со српските лидери“ – порачаа од Коалицијата.