507
– Патот за Скопје кон ЕУ е отворен по последниот состанок на Советот на ЕУ. Но часовникот отчукува. Потребно е лидерство наместо тактика. Економијата трпи, ова е последната порака која еврокомесарот предмалку ја испрати преку социјалната мрежа „Твитер”, додека траат средбите со политичките лидери.
Хан во моментов е на средба со Зијадин Села од Алијансата на Албанците, а претходно се сретна со Билал Касами од БЕСА. По состанокот, Касами брифираше дека европратениците дале поддршка за формирање нова реформска влада и што побрзо конструирање на Собранието.