Вранишковски: МПЦ не може да добие автокефалност

by Фокус

-Српската православна црква во преговорите што би почнале во мај не може да ѝ даде автокефалност на Македонската православна црква и затоа она што е веќе дадено е крајната можност. Автономија под јурисдикција на СПЦ е она што го доби Охридска архиепископија и до таму може да се оди, изјави Зоран Вранишковски во интервју за Радио Белград.

Тој вели дека политиката ја создала црквата во Македонија со цел да се осигура македонскиот идентитет. Според Вранишковски, така се исполнила желбата за осигурување идентитет на македонскиот народ и под таков притисок во 1967 година дошло до изразување непослушност кон, како што ја нарекува расчинетиот владика, мајката црква СПЦ,  од која насилно биле одвоени териториите на Македонија.

Поврзани новости