Вработените во Клинички утре ќе протестираат поради месечната карта за паркирање

by fokus

На инцијатива на повеќе вработени во Клинички, а со поддршка на Синдикатот,  утре за време на законски предвидената пауза од половина час, од 10 до 10 и пол на хелиодромот  се одржува протест против одлуката на Советот на Град Скопје за наплата на месечна карта од 850 денари за вработените од Клинички, објавено е на социјалните мрежи.

– Освен што покачувањето се одразува дирекнто на нашиот буџет, градоначалникот директно со лична изјава длабоко ни го повреди достоинството! Освен децидно неприфаќање на одлуката, ќе понудиме предлози и здрави решенија во интерес наш , но и на пациентите!  Нареден чекор, од задутре е блокирање на наплатните места за користење паркинг.

Паузата е време во кое ќе покажеме  дека нема повеќе да не цедите по џеб и навредувате како професионалци – пишува во најавата за протестот.

Поврзани новости