Вработените во „Еурокомпозит АД Прилеп“ ќе добијат две плати од 18 кои им се должат

by fokus

Владата на Република Македонија на 78. седница донесе одлука да го измени заклучокот од претходната 77. седница и согласно новиот заклучок ја задолжи компанијата „11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп“ да достави барање за позајмица од 11 милиони денари.

Според соопштението од владината прес-служба, шест милиони денари ќе бидат обезбедени од АД ЕЛЕМ – Скопје, а пет милиони денари од АД МЕПСО – Скопје.

Со оваа измена, на вработените во оваа компанија ќе им бидат исплатени две плати од оние 18 кои не им се исплатени од 2012 година.

Поврзани новости