439
Владата на Република Македонија на 78. седница донесе одлука да го измени заклучокот од претходната 77. седница и согласно новиот заклучок ја задолжи компанијата „11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп“ да достави барање за позајмица од 11 милиони денари.
Според соопштението од владината прес-служба, шест милиони денари ќе бидат обезбедени од АД ЕЛЕМ – Скопје, а пет милиони денари од АД МЕПСО – Скопје.
Со оваа измена, на вработените во оваа компанија ќе им бидат исплатени две плати од оние 18 кои не им се исплатени од 2012 година.