442
Автобусите на ЈСП низ Скопје може да запрат затоа што доцни платата за септември, па синдикатот испрати предупредување до градоначалничката Арсовска.
Како што истакнаа оттаму, денеска во 14 часот е последниот рок да ги добијат платите и придонесите.
Автобусите во текот на утрешниот ден нема да излезат на улиците на главниот град на Македонија доколку не се исполни нивното барање.