Лошото одржување на автопатот „Струма“ – меѓу причините за загинувањето на 45 македонски граѓани

by fokus

Неисправности на автопатот „Струма“, констатира новото вештачење кое денеска ќе биде доставено до судот во Перник, во Бугарија на којшто се случи автобуската несреќа во којашто загинаа 46 македонски државјани, пишува БТВ.

-Со вештачењето извршено на 3 км. пред местото на несреќата констатирани се инфраструктурни прекршоци. Прво, Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија дозволила такви прекршувања да постојат веќе со изградбата на патот. Второ, АПИ дозволи да се загрозат одредени елементи од инфраструктурата, што е во директна причинско-последична врска со инцидентот, изјави адвокатот на дел од жртвите Николај Димитров во интервју за БТВ.

Тој објасни дека т.н „мачкини очи“ покрај заштитната ограда на 3 км. делот пред несреќата или ги нема или имаат шест пати помала рефлексија на светлината. Николај Димитров додаде и за немањето знаци на местото на несреќата.

-Не негираме, виновен е и возачот, но немал ориентација каде е на патот. Додека некој не оди во затвор, ова нема да престане, додаде адвокатот.

Тој изјави дека ќе бараат заедничко осудување на АПИ и претставникот на македонскиот осигурител за Бугарија. Побарувањата ќе поднесат во софискиот градски суд наследниците и жртвите на несреќата.

Поврзани новости