Медицинската компанија „Neuralink“, основана од Илон Маск, е под истрага за потенцијални прекршувања на правата на животните.
Вработените во „Neuralink“ поднеле интерни жалби, тврдејќи дека избрзаното спроведување на експерименти со животни предизвикало непотребно страдање и смрт.
Новинската агенција „Ројтерс“ видела записи во кои се наведува дека од 2018 година, 280 овци, свињи и мајмуни умреле како резултат на експериментот. Инаку, „Neuralink“ се обидува да развие мозочен имплант кој треба да им помогне на парализираните луѓе повторно да одат и да лечат други невролошки проблеми, пренесува „Sky News“.
Вработените во компанијата во жалбите тврдат дека Маск ги притиснал да го забрзаат развојот, што довело до неуспешни експерименти кои требало одново да се повторат. Претходно оваа година, Маск наводно испратил напис на персоналот за швајцарските истражувачи кои развиле електричен имплант кој му помогнал на маж повторно да застане на нозе и да прооди.