На Попова Шапка измерени -1 степен, а во Гевгелија 9 степени

by Fokus

Најстудено утрово било на Попова Шапка, Маврови Анови и Лазарополе каде се измерени – 1 степен, во Крушево и Дебар 0, во Берово и Крива Паланка два степени, во Претор и Битола 3, во Тетово 4, во Охрид и Виница 5, во Прилеп 6, во Скопје – Петровец, Штип, Демир Капија и Струмица 7, Скопје-Зајчев Рид 8 и во Гевгелија 9 степени.

Најмногу дожд наврна во Струмица и Пожаране три л/м2 и Битола, Демир Капија, Гевгелија и Берово 2 л/м2.

Во текот на ноќта времето беше облачно, утрово е променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Поврзани новости