Вработени во Фени до Тасева: Конечно земаме плати

by Fokus

Иницијатвниот одбор за промена на претседателот на синдикалната организација и синдикалниот одбор на „Фени Индустри“ преку отворено писмо информираат во каква состојба се наоѓаат работниците сега и каков им бил животот последните две години. Ја повикуваат претседателката на Транспаренси Интернешнал, Слаѓана Тасева да оди во „Фени“ и од работниците да се информира за состојбите и сите случувања.

Во писмото потсетуваат дека 1.000 семејства живеат од Комбинатот, оти моментално се задоволни бидејќи редовно земаат плата, се исплаќаат долговите и дека се полнат залихите, што не било случај пред осум месеци и последните две години во кои едвај преживувале и биле под тортура.

„Постојано не надгледуваа и ни се закануваа ако зборуваме нешто против Кунико, а директорот избега од државата и ја продаде фирмата за едно евро. Постојано ни велеа дека ќе влезат пари и инвестиции, а тоа никогаш не го видовме. Потоа дојде Енекорд а тие на заемот за да си купиме огревни дрва ни наплатуваа камата. Ни ветуваа плати и рестарт, а од тоа ништо“, пишува во писмото.

Поврзани новости