Вработена во Општина Тетово: Одлуката на Касами е како гром од ведро небо, ќе одам на суд!

by Fokus

Новиот градоначалник на Тетово, Билал Касами денеска информираше дека ќе раскине 350 договори на дело со вработени во неговата општина. Тој додаде дека, меѓу нив имало лица кои воопшто не се појавувале на работа а добивале плата.

Таквата одлука не и се допадна на вработена во Општина Тетово, чиј идентитет и е познат на редакцијата на „Фокус“,  која три години работела во секторот „образование“.

 

„Оваа одлука на градоначалникот Касами е како гром од ведро небо за нас. Немаше претходно никаква најава и не се соочив со некакви проблеми или притисоци за време на моето работење во Општината. Сега сме на улица. Деновиве ќе добиеме решение за поништување на договорот и ќе ја барам правдата на суд“, изјави таа за „Фокус“.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости