Вработен во УБК добил задача нелегално да го прислушува синот

by fokus

Маркирач, кој во УБК имал задача во системот за прислушување да става телефонски броеви за прислушување, еден ден добил задача нелегално да го прислушува и сопствениот син.  За оваа несекојдневна ситуација на денешното рочиште за „Таргет и Тврдина“ сведочеше сведокот Маријан Јанкуловски.

На прашањето на обвинителката Ленче Ристоска, дали некогаш бил во ситуација во системот да стави број на некој познаник или близок роднина, рече:

-Ми се случи еднаш. Добив лист со десетина броеви од Надица Николиќ и ставајќи го броевите дојдов до бројот на мојот син. Кога ја прашав Надица зошто и неговиот број е тука ми рече дека сите на листата конкурирале за вработување и Горан Грујевски барал да се уклучат за прислушување, сведочеше сведокот.

В.В.

Поврзани новости