Филипче: Сите здравствени работници ќе бидат вработени на неопределено време

by fokus

Согласно плановите за вработување во јавно здравствените установи и финансиите со кои располагаат веќе се спроведува трансформација на договорите на сите здравствени работници од определено на неопределено време.

– Некаде се спроведе или е при крај трансформацијата, некаде сега течат процедурите, а некаде ќе мораме да почекаме да дојде следната година, заради тоа што дел од тие не биле влезени во планот за вработување. Но, остануваме на ветувањето и за сите за кои нема тоа да се случи оваа година ќе се заврши во 2020 година со цел сите вработени во јавното здравство да бидат на неопределено време, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата за Предлог-буџетот на Министерството за здравство за 2020 година.

Поврзани новости