989
Вработен во Град Скопје е позитивен на корона вирусот, поради што уште 28 негови колеги од градската администрација се во изолација.
-Имаме еден потврден случај, а изолирани се 28 негови колеги кои биле во најблизок контакт со него, изјави портпаролот Ваљон Салиху за „Фокус“.
Тој додава дека откако случајот бил откриен направена е целосна дезинфекција на сите бироа и простории.
В.В.