Возот за Кочани од утре нема да сообраќа, на релација Гевгелија-Скопје и Битола-Скопје ќе сообраќаат само до Велес

by fokus

Поради одрон на пругата на патниот правец Скопје – Велес, од утре, возот за и од Кочани нема да сообраќа се додека не се нормализира железничкиот сообраќај, информираат од Македонски железници.

Оттаму известуваат дека возовите кои сообраќаат на релација Гевгелија – Скопје и Битола – Скопје, ќе сообраќаат само до и од Велес.

Вечерва, сите патници кои се превезуваат со возовите: бр. 632  кој од Гевгелија поаѓа за Скопје во 16:55 часот и бр. 644 кој од Битола поаѓа за Скопје во 18:30 часот, од Велес до Скопје ќе бидат превезени со автобус.

Со автобус од Скопје до Велес ќе се превезат  и патниците кои треба да патуваат за Битола со возот бр. 645 кој поаѓа во 20:10 часот, како и патниците кои треба да патуваат од Скопје за Велес со воз бр. 2085 што поаѓа во 22:40 часот, се наведува во нивното соопштение.

Поврзани новости