681
На автопатот Скопје – Велес денеска во 11,20 минути возило „хјундаи“ со велешки регистерски таблички излетало во провалија пред првиот од двата тунела, при што загинал 38 годишниот Б.М. од Велес.
Како што изјави за МИА, Ивица Илиевски од МВР, полицијата информацијата ја добила од Службата за Итна помош која прва стигнала на местото на несреќата, по што и екипа од СВР Велес која направила увид на местото на несреќата, во која има еден загинат.
Од ТППЕ Велес за МИА појаснуваат дека тие стигнале на местото на несреќата околу 12 часот и го извлекле настраданиот, кој веќе бил починат. Медицинските екипи констатирале дека настраданиот веќе починал на лице место.