Возење пар-непар за намалување на загадувањето, предлага Министерството за животна средина

by fokus

 

Воведување сообраќаен режим пар-непар, односно предлог за измена на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Владата да ги задолжи сите државни и јавни институции и да им препорача на локалните самоуправи за 50 отсто да го намалат користењето на службените возила се мерките кои ги предлага Министерството за животна средина и просторно планирање до Владата за намалување на загадувањето.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека ресорниот министер Башким Амети денеска се сретнал со претставници на граѓанските здруженија и дискутирале за актуелните проблеми со загадениот воздух и за предлог-мерките за намалување на загадувањето.

– Целта на оваа средба беше преку неформален дијалог со претставниците на невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика да се разгледаат и продискутираат конкретни, применливи мерки кои во краток временски период ќе дадат видливи резултати во намалување на загадувањето на воздухот – се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Поврзани новости