499
Од МВР информираат дека синоќа казниле возач кој возел со 4,14 промили алкохол во крвта.
-Во текот на изминатата вечер (08/09.10.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата на еден од санкционираните возачи во општина Илинден му биле измерени 4.14 промили алкохол во организмот.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велт од МВР.