521
Возачот на автобусот и соственикот на „Дурмо турс“ одат во домашен притвор, поради влошување на нивната здравствена состојба, појаснуваат од Кривичниот суд за „Фокус“.
Одлуката за куќен притвор ја донел судија на претходна постапка, откако адвокатите на осомничените доставиле медицинска документација за нивната здравствена состојба, односно и двајцата примале инсулин. Судијата на претходна постапка е должен да постапува во случајот бидејќи предметот сѐ уште е во фаза на истрага. Оваа решение не е правосилно, зошто обвинителството има право на жалба до Кривичен совет.
Двајцата осомничени за сообраќајката која се случи кај Ласкарци, а во која загинаа 16 патници, од 14 март беа во притвор, кој им беше потврден и од Кривичен совет.
В.В.