497
Две лица на возраст од 26 и 27 години се тешко повредени, откако воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје удрил во нив. Настанот се случил вчера утринава околу 05,00 часот во близина на влезот во железничката станица Смоквица.
„Патнички воз наишол на група мигранти, при што удрил во две лица. Според кажување на лицата, повредените се на возраст од 26 и 27 години од Алжир. Со возило на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во Општа Болница Гевгелија, каде им биле констатирани тешки телесни повреди и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување. Извршен увид на местото на настанот“, велат од полицијата.