Патничкиот воз кој сообраќал на релација Кичево–Скопје, вчера по тргнувањето од стојалиште „Сарај“ удрил во стадо овци, при што се усмртени осум овци, нема повредени лица.
Како што информираат од МВР настанот се случил вчера во правец кон железничка станица „Ѓорче Петров“ на отворена пруга пред влезниот сигнал, а бил пријавен во 07,15 часот. Возот бил управуван од машиновозачот Л.Р.(55) од Скопје.
Утринава се случи уште една железничка несреќа на железничкиот премин од Ѓорче Петров кон с.Кондово, помеѓу патнички воз кој сообраќал на релација Тетово-Скопје управуван од С.М.(50) од Скопје и патничко моторно возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(22) од Скопје. Со повреди се здобил Ф.С. и бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.