Морина да се брани од слобода, бара адвокатот Насер Рауфи

by fokus

Адвокатот Насер Рауфи побара од судот мерката притвор на уапсениот поранешен припадник на УЧК, Томор Морина, да му биде заменета со друга мерка на претпазливост. Рауфи очекува утре судот да се произнесе и да донесе позитивна одлука. Доколку судот одлучи позитивно, Морина би излегол од притвор и би се бранел од слобода.

Морина беше уапсен на граничниот премин Блаце по распишана меѓународна потерница на Интерпол. Србија бара екстрадиција на Морина, бидејќи е обвинет за злосторства врз цивили.

Случајот предизвика голем интерес кај јавноста во земјава, откако високи функционери од ДУИ јавно побараа Морина да биде ослободен. Вицепремирот, Бујар Османи, пак, изрази желба да го посети Морина во притвор.

Поврзани новости