354
Скопската полиција извести дека синоќа во населбата Илинден воз удрил во 62-годишен мигрант од Авганистан. Мигрантот бил презаген од меѓународниот воз што сообраќал на релација Скопје-Солун-Белград. Авганистаницеот имал тешки повреди и е префрлен во Ургентен центар. За два дена ова е втора железничка несреќа во Македонија. Завчера, исто така меѓународен воз прегази 14 мигранти од Сомалија и Авганистан. Во последните неколку месеци постојани се случуваат вакви несреќи затоа што мигрантите ја користат пругата како начн да преминат од еден до друг крај на државата. Обично влегуваат во Македонија од јужната страна, а ја напуштаат кон север со крајна цел- западните држави.
Со последните несреќи бројката на загинати мигранти е околу 30.