МВР викендов издава лични карти за референдумот за ГТЦ

by Фокус

За утре, 26 април, е закажан првиот референдум во општина Центар. Жителите ќе се изјаснуваат дали се постоечкиот изглед на ГТЦ. На избирачкиот список има околу 43 илајди гласачи. За да биде успешен ќе мора да се изјаснат повеќе од половината. Во текот на утрешниот ден ќе биде отворен прес центар од каде постојано ќе се известува за текот на гласањето и за бројот на излезени граѓани. Викендов ќе бидат отворени и полициските служби за издавање лични карти, на оние кои во последен момент ќе се одлучат да гласаат, а при тоа немаат валиден личен документ.

Од Министерство за внатрешни работи информираат: „По повод закажаниот референдум што ќе се одржи на 26 април 2015 година во Општина Центар, а за да се излезе во пресрет на граѓаните на наведената општина, Министерството за внатрешни работи, односно службите за управни работи, во наредните два дена на 25 и на 26 април ќе работат на издавање лични карти и тоа в сабота од 08.30 часот до 16.30 часот и в недела од 7 до 19 часот,“.

Од општинската изборна комисија известуваат дека гласачкиот материјал е пристигнат и дека се е подготвено за утрешното гласање. Неколку здруженија на граѓани веќе најавија мониторинг на процесот.

Поврзани новости