553
Маж на возраст од 20-25 години вчера бил прегазен од воз додека во рацете го држел своето бебе, при што и двајцата починале на самото место. Починатиот маж и неговиот син се државјани на Авганистан, кои, според МВР, заедно со поголема група авганистански државјани нелегално влегле во Македонија.
Несреќата се случила околу 22.30 часот, на железничката пруга Скопје-Гевгелија, кај местото викано „Јаворица“.