481
Најмалку осум лица се ранети во вооружениот инцидент на забава во градот Такоми во американската сојузна држава Вашингтон, јави CNN.
Повредените лица се пренесени во болница и моментно се во стабилна состојба.
„Дошло до караница, после која почнало и пукање од огнено оружје“ – соопштија од локалната полиција.
Истрагата е во тек, а полицијата не го откри идентитетот на лицата одговорни за инцидентот.