Западните земји „се обидуваат да го користат дури и она што не им припаѓа“, вели Захарова

by Fokus

Западните земји се уште имаат колонијален однос кон светот, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Во интервју за телевизијата „Русија-1“, Захарова изјави дека сите европски земји имаат едно нешто заедничко, а тоа е нивното империјалистичко размислување во контекст на нивното колонијално минато, пренесе ТАС С.

„ Тие го делат светот на исклучителни, оние кои можат да направат сè и имаат што сакаат и сите други кои треба да бидат експлоатирани“, рече таа, додавајќи дека западните земји „се обидуваат да го користат дури и она што не им припаѓа“. Според неа, тие дури и сакаат да бидат платени за тоа.

„ Тоа сега се случува на енергетскиот пазар“, посочи таа.

Поврзани новости