406
Владата вечерва ќе свика вонредна седница на која ќе се разгледува состојбата со уништените овошки во Преспанскиот регион.
-Ќе формираме комисии заедно со локалната самоуправа, ќе овозможиме да се направи реална проценка на штетите кои што се настанати, не само во преспанскиот регион, туку и во сите региони во РМ, каде што најмногу се погодени овошните насади, и по направените првични проценки да постапиме согласно законот, кој што ни дава можност да обезбедиме одреден надомест за земјоделците – рече заменик министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски.
Во меѓувреме, се уште доцнат исплатите по основ на субвенции кон земјоделците, бидејќи се одолговлекува процесот на формирање на влада.