Собрани 2.000 потписи за полесен живот на децата со посебни потребни

by Фокус 19:07
19:07

Родителите на деца со посебни потреби, кои заедно со своите деца трет ден кампуваат во паркот Жена Борец, досега собраа околу 2.000 од потребните 10.000 потписи за да поднесат иницијатива до Собранието за измена на повеќе закони.

Тие бараат измена на повеќе закони и подзаконски акти, со кои полесно ќе можат да ги остварат правата на нивните деца за соодветна здравствена и социјална заштита.

- Advertisements -

-Границата од 26 години очекуваме да ја избришат, бидејќи со тоа се прави дискриминација. Попреченоста не минува по навршување на оваа возраст, а на овие лица и нивните семејства животот им станува уште потежок. Бараме да се изедначат по правата биолошките родители на лица со посебни потреби, со згрижувачките семејства, бидејќи сега како што се поставени законите, згрижувачките семејства добиваат паричен надомест од државата, а биолошките родители не добиваат – изјави Сузана Сотјановска, од здружението „Трисомија 21“ и мајка на дете со Даунов синдром.

 

Поврзани новости