Вонредна состојба во источна Македонија

by Фокус 16:30
16:30

Состојбата со поплавите во источна Македонија станува алармантна. Критични точки се повеќе населени места по течението на Брегалница и тоа: Делчево, Виница, Чешиново- Облешево, Кочани, Карбинци и Штип.

Зголемено е нивото на река Брегалница, која веќе започна да се излива на неколку места. Последните информации се дека се  очекува Браната Калиманци да прелее за неколку часа,  а најсилниот удар се очекува во Штип во вечерните часови.  Поради излевањето на Брегалница забранет за сообраќај е патот што минува низ Ново село и целиот сообраќај се пренасочува кон клучката кај Три Чешми.

- Advertisements -

Кризниот штаб е во постојано заседавање. Се апелира до населението од овие споменати места да направат евакуација на имотите, во приземјата и ниските предели на своите домови, евакуација на децата, вредните предмети и животните.

11

993747_10204802621363490_5088709259537284916_n

Поврзани новости