Вонреден состанок на ОБСЕ во Виена, се разговарало за усвојување на буџетите и избор на нов Претседавач

by Fokus

 Вонреден состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ се оддржа денес во Виена на барање на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој е претседавач на ОБСЕ.  Од Министерството за надворешни работи соопштија дека вонредниот состанок бил со  засилено учество на високо ниво.

-Со оглед на  критичните предизвици со кои се соочува Организацијата во светло на агресијата на Руската федерација врз Украина, министрите за надворешни работи и други високи претставници на државите учеснички и партнерите за соработка на ОБСЕ, разменија мислења за актуелните прашања и предизвици, соопшти МНР. 

На вонредниот состанок се разговарало за потребата од усвојување на буџетот, за именување на раководните структури и избор на Претседавач на Организацијата во 2024 година.

 –И покрај тоа што влијанието на руската воена агресија против Украина предизвикува тектонски потреси во поширокиот регион на ОБСЕ, Организацијата успеа да демонстрира флексибилност и да се прилагоди на дадените околности и да продолжи да нуди поддршка и да испорачува за луѓето. Поради тоа, ние сме должни да испорачаме назад, да поддржиме и обезбедиме непречена функционалност на ОБСЕ. Само со одговорно лидерство и заеднички решенија ќе можеме да овозможиме ОБСЕ да продолжи ефективно да го спроведува доверениот мандат, изјави  Османи.

 

Во продолжение, тој презентираше конкретни предлози на Претседавањето како можни решенија за надминување на предизвиците.

 

„Придонесот и влијанието на нашата Организација кон процесите на мир и стабилност никогаш не смее да биде жртва на лоши толкувања и кусогледа политизација. Поимот консензус треба да биде нашата сила, а не наша слабост“, истакна Османи, повторно повикувајќи ги министрите и високите претставниците да демонстрираат силна политичка волја и конструктивност во комплексниот момент во кој се наоѓа Организацијата.

 

Како Претседавање, остануваме посветени на ОБСЕ и ќе продолжиме да работиме на изнаоѓање решенија во поддршка на функционалноста на организацијата, заклучи претседавачот Османи.

 

Поврзани новости