Вонреден инспекциски надзор во сите центри за социјална работа

by Фокус

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, денеска на пресконференција соопшти дека во тек е  вонреден инспекциски надзор во сите центри за социјална работа низ Република Македонија, а инспекторите досега утврдиле голем број на недостатоци во работењето на овие установи.

-На граѓаните не им е одговарано во законскиот рок од 60 дена за остварување на правото на социјална заштита. Извештаите од непосредниот увид во семејствата направени од страна на центрите не ја опишуваат во целост состојбата што дава можност за злоупотреба при давање на овие права. И замислете во делот од предметите не е изготвен наод и мислење на стручен работник што е спротивно на сите процедури, рече Ременски.

Во период од септември 2014 година до септември 2015 година, на  6.603 домаќинства домаќинства им била укината социјалната парична помош. Понатаму, по 1.400 жалби за остварување на правото на социјална парична помош не било решавано од февруари до 15 ноември 2015 година.

-Претходниот министер за труд и социјална политика спротивно на неговата законска обврска не донел решенија по жалби за 1.400 семејства кои го изгубиле правото на социјална парична помош. Претходниот министер, одлучувањето по овие жалби несовесно, знаејќи дека го крши законот, го пренел на службеник на пробна работа во министерството, кој нема право да одлучува и решава по барање на граѓаните во управна постапка. Овој службеник селективно решавал за судбината на овие семејства, нагласи Ременски.

Поврзани новости