СДСМ: ДПМНЕ зборува за некакви проекти, а граѓаните дишат отров

by Фокус

-ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не знаат што да им одговорат на граѓаните коишто дишат отров наместо чист воздух. ВМРО-ДПМНЕ зборува за некакви проекти а граѓаните со денови дишат отров, Македонија е во врвот на земјите со загаденост на воздухот, реагираат денеска од СДСМ за состојбата со загадениот воздух.

Како што се вели во соопштението на опозициската партија, според истражувањето на „Numbeo“, најголемата светска датабаза на податоци за градовите и земјите ширум светот, Македонија е второ место според  моменталната состојба на загаден воздух во Европа.

-Никола Груевски им одзема 10 години живот на граѓаните, потроши 630 милиони евра за споменици, а ништо не презема за да се реши проблемот со загадувањето. Покрај хаосот во здравството, што го создадоа Никола Тодоров и Никола Груевски, загадениот воздух е дополнителна закана за здравјето на граѓаните. Граѓаните знаат дека загадувањето на воздухот е последица на погрешните политики на Никола Груевски. На 24-ти април доаѓа големо пролетно чистење на валканите политики на Никола Груевски. Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!, стои во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости