414
Државниот санитарен здравствен инспекторат вчера изврши вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ Скопје, а во врска со исполнување на законската обврска на здравствената установа во вршењето на здравствената дејност.
При надзорот било констатирано дека здравствената дејност во „Жан Митрев“ се врши согласно решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство, информираат од санитарниот инспекторат.