Изјавата на Пендаровски за „Рекет“ ќе беше реална ако повикаше да се изгласа Законот за ЈО, велат од Обвинителство

by fokus 11:38
11:38
Јавното обвинителств денеска реагира на вчерашната изјава на претседателот Стево Пендаровски за случајот „Рекет“.
Не е време за напади на институциите, наведува ЈОРМ и додава дека нема да дозволи дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите.

-Изјавата на претседателот на Република Северна Македонија дека дава целосна поддршка на обвинителството и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за да го заштити од притисоци ќе беше реална, доколку повикаше пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство и доколку дадеше поддршка за зајакнување на капацитетите на обвинителството за поефикасна борба против криминалот и владеење на правото, стои во соопштението од Обвинителството.

ЈОРМ ја уверува јавноста дека за посочениот предмет се постапува неселективно и навремено, според утврден план на истрагата и дека сите инволвирани во кривични дела ќе бидат сослушани или испитани и ќе одговараат согласно законот.

- Advertisements -

-ЈОРМ уште еднаш потенцира дека подлегнувањето на политички притисоци и мешање во работата на обвинителството, штетно влијае врз текот и успешноста на истражната постапка и врз обезбедување на доказите, се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.

Поврзани новости