Висок претставник на ЕУ вели дека западните земји ќе се ангажираат поагресивно против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и други високи функционери доколку одлуката за амнестија на Иванов за политичари обвинети за измама и за корупција навистина се спроведе, пишува „Волстрит журнал“.
-Помеѓу можните казни поради одлуката, се забрана за патување во шенген-зоната за македонски политичари, повлекување на помошта за мигрантската криза и запирање на поддршката за евроатланската интеграција на државата. Македонија беше силен пример за демократска транзиција до 2000 година, а оттогаш нашироко се гледа дека владеењето се влоши. Официјални лица од Брисел веруваат дека амнестијата на претседателот Иванов била со намера да ја заштити контролата на власта од ВМРО-ДПМНЕ и кругот околу Груевски. Други дипломати во Скопје веруваат дека Иванов можеби дејствувал без одобрување од ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Волстрит журнал“.