По локализирањето на пожарот кај малото Пасјак во пехчевското село Нов Истевник, продолжува координацијата за гасење на пожарот кај село Трботивиште, во близина на Делчево.
На терен се пожарникари, припадници на Армијата, припадници на Македонски шуми, доброволци кои ќе се упатат кон моменталното жариште – месноста Свети води.
Сега треба да се делува кај Желевица, за што е потребен ангажман на повеќе воздухоплови.
Меѓу учесниците во гасењето е и волонтерот Нелсон од Португалија кој четврти ден е ангажиран во активности кај селото Стари Церник.
Околу евакуација на населението во овој крај придонес даде и волонтерот и жител на Стари Церник Борче Димитровски, кој порача дека материјалната штета се надоместува, но оти е најважно да нема човечки жртви.