382
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ кој стапува на сила веднаш, а со кој војниците на Вагнер ќе мора да положат официјална заклетва на верност на Русија.
Воведувањето задолжителна заклетва за борците на Вагнер и другите паравоени сили е потег кој има цел таквите групи да се стават под построга државна контрола, пишува Ројтерс.
Декретот, објавен на сајтот на Кремљ, пропишува дека секој кој работи во име на војската или ја поддржува „специјалната воена операција“ во Украина е обврзан да положи официјална заклетва на верност на Русија.
Се наведува дека тоа е чекор кон „создавање духовни и морални основи за одбрана на Русија“.