Незадоволни од ниските плати и условите во кои работат, припадниците на Министерството за одбрана и на Армијата на Македонија денеска излегоа на протест.
“Во странство одликувани, дома понижени”, „Не сме слепи послушници” беа дел од пораките кои ги испратија на демонстративниот марш.
Војниците бараат зголемување на платите за најмалку 20 отсто, откако Владата одлучи за исто толку да ги зголеми платите на полициските службеници.
Од Синдикатот за одбрана и безбедност велат дека платите на војниците под просекот и најголем дел од нив земаат основна плата до 15.000 денари, не сметајќи го додатокот на ризик. Тие повеќе од една година се обидувале преку Министерството за одбрана да издејствуваат подобрување на армискиот стандард, но оттаму наишле само на молк.
Тие најавија дека ќе продолжат со протести, но и дека се спремни да организираат штрајк доколку нивните барања не бидат исполнети.