Шилегов: За новиот корупциски скандал во Владата одговорност мора да има!

by Фокус 18:18
18:18

Владимир Пешевски со години од позиција на вицепремиер директорувал со компанија од Кипар и со години го криел тоа, што е спротивно на законот за спречување судир на интереси“- обвини денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Прво, Пешевски молчи зошто не ја пријавил компанијата од Кипар во Анкетниот лист. Второ, Пешевски молчи за приходите преку кипарската фирма и колку данок платил за тие приходи во Македонија. Трето, Пешевски молчи како од сите фирми на светот, станал директор баш на офф-шор фирма од Кипар. Омилени фирми за врвот на владата и ВМРО-ДПМНЕ се офф-шор копаниите и рајските дестинации коишто ги кријат вистинските сопственици и трансферите на парите. Пешевски мора да сноси одговорност“ – Шилегов.

- Advertisements -

Тој ги повика Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување корупција да не молчат туку да преземат мерки согласно законите.