Грција и силите на ЕУ, Фронтекс, денеска се договорија од наредната недела околу 400 војници на Фронтекс да бидат распоредени на грчката граница со Македонија. Војниците ќе помагаат при регистрација на мигрантите и при нивно спроведување до македонската граница.
-Многу е битно мигрантите кои влегуваат во ЕУ да бидат соодветно регистрирани. Мигрантите кои доаѓаат на северната граница на Грција ќе бидат проверени и соодветно регистрирани, изјави извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Леџери.
Фронтекс веќе има распоредено 195 војници по грчките острови за да помагаат при регистрацијата на мигрантите. Македноскиот претседател Ѓорѓе Иванов уште на самитот за бегалската криза во Брисел побара испраќање на силите на Фронтекс на македонско-грчката граница, но досега тоа постојано беше одбивано од страна на Грција.