306
Против 37-годишен струмичанец, од село Сушево, вработен како војник во Армијата на Република Македонија, е поднесена кривична пријава затоа што работниот однос го засновал на фалсификувана диплома.
Министерството за внатрешни работи го товари П.П. за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.
„На 04.05.2005 година во Скопје, во Министерство за одбрана, пријавениот, при склучување на Договор за работа, како професионален војник во Армијата на РМ, употребил фалсификувана Диплома за завршено средно образование од СУГС „Браќа Миладиновци“ во Скопје, која што потоа ја употребил во уште четири наврати“, велат од МВР.