Ивона Талевска на 19 февруари ќе седне на обвинителна клупа, закажано судење за „Тифани“

by fokus

Ивона Талевска на 19 февруари ќе седне на обвинителна клупа бидејќи Кривичниот суд неодамна го одобри обвинението на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Тифани“ во кој Талевска е обвинета за даночно затајување, а сега и го закажа судењето.

Според обвинението, Талевска за периодот од 2008 до 2014, со намера таа и правните лица Смарт центар ДООЕЛ експорт импорт Скопје и агенцијата Смарт, да одбегнат плаќање даноци, давала лажни податоци за фактите кои се однесуваат за пресметување данок. Наводно, фирмите на осомничената одбегнале да платат даночни обврски во износ од 37.634 евра, а осомничената одбегнала да плати даночни обврски во износ од 16.924 евра.

Според СЈО, таа за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1.009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично.

В.В.

Поврзани новости