439
Професионален војник на АРМ, кој во четврток вечер вршел стражарска должност во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, се застрелал во стомакот со автоматска пушка, информираат од Министерството за одбрана.
Професионалните војници кои биле на должност, веднаш му пружиле прва помош, а за кратко време војникот бил пренесен во градската болница во Прилеп, каде било констатирано дека кај него има влезно-излезна прострелна рана во пределот на стомакот.
Синоќа, војникот е пренесен во Ургентниот Центар во Скопје, каде му е извршена хируршка интервенција и е вон животна опасност, во стабилна здравствена состојба.